Северните падини на Жеден – онаму каде има прекрасен широк поглед кон целиот шарпланински масив, а во моментов предел обвиен во непознато и ретко кој поминува . Ете таму ја завршивме 2023-та со успешно трасирање на уште еден сегмент од секцијата Z2 на Македонската Бесконечна Трансверзала. Благодарност до Митко Апостоловски за помошта околу трасирањето на овој дел од трансверзалата !