Расчистување на патеките – активност за која обично не известуваме, а која ја вршиме напоредно со трасирањето на нови и подобрувањето на постоечката траса !
Сепак, еве еднаш да се пофалиме кои делници од Македонската Бесконечна Трансверзала се расчистувани само во последиов месец:
- Река Клисура до врв Голик, секција I7
- К”шање во правец на Бељаковски манастир, во продолжение од новотрасираниот дел, секција I7, благодарност до домаќините ЗПЗП Козјак Куманово
- Вратнички мост – земјен пат према Љуботен, дополнително и нагоре по новата планинарска шумска патека кон Љуботен која фали уште сосема малку да биде комплетна.Секција Z2. Благодарност до ПК Аргентус Моунт
- Долината на Емиричка река до атарот на Емирица ( локалитет 10 црквички ) – секција I5, благодарност до СПД Пробиштип
- Карпински манастир до врв Непце, каде воедно е и подобрена трасата. Секција I7. Благодарност до ЗПЗП Козјак Куманово
- Прилепец до седло Калусоец, заедно со подобрување на овој краток дел од трасата. Секција I1
- Кастел до Црн Врв, секција I7
И секако, повеќе помали „зачистувања“ на трасата на останати делови од трасата.
Во оваа прилика им се заблагодаруваме на сите планинарски клубови, здруженија и поединци во Македонија кои на разни начини се грижеле, се грижат и ќе продолжат да се грижат во иднина за патеките во целата држава. И посебно на оние кои го прават тоа од љубов кон природата и општеството, без никаков друг интерес! Без нивниот ангажман ќе останат само непроодни шуми и прашливи офф-роад патишта по кои ќе може да се движиме по шумските предели на Македонија !