За крајот на оваа година накратко за позначајните активности кои ги имавме во изминатава година:
- Го споивме целото источно крило , односно добивме непрекината траса во должина од 1166км, една од најдолгите во Европа.
- Се маркираа над 200км од источното крило на трансверзалата, односно значителен дел од секција И2, целата секција И3, дел од секција И4, како и помали делови од останатите секции од источното крило. Со ова се доби и најдолгата непрекината маркирана патека на територијата на Македонија
- Ја поставивме комплетната секција I3 на Open Street Map, како прва подолга планинарска патека во Македонија која се најде на светската мапа.
- Остваривме контакти и започнавме со активности со цел скорешно поставување на трансверзалата и на повеќе други платформи
- Расчистени десетици километри планинарски патеки на источното крило, а воедно се трасираа и десетици километри нови патеки кои недостасуваа пред да се спои целото источно крило.
- Ја добивме и првата објава во странски медиум за нашата трансверзала
- Остварена соработка со повеќе други здруженија и поединци кои ќе бидат дел од успешната приказна за Македонската Бесконечна Трансверзала
- Започнавме со промоција на трансверзалата кај локалните жители во руралните подрачја
- Се формираше асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала – Саммиана од страна на 10 основачи кои заеднички ја понесоа идејата и визијата за трансверзалата
- Се обезбедија првите покровители на трансверзалата – им благодариме на Гармин, Грее, Woolona, Анхоч и DJI кои ја препознаа големината и важноста на проектот и несебично го поддржаа
Како и многу други помали или поголеми активности…
Продолжуваме со уште посилно темпо и во следната 2025-та година !