Со радост објавуваме дека по повод денот на независноста, целосно се заврши маркирањето на секцијата I3 од Македонската Бесконечна Трансверзала.
Со маркираните 134.3 км ова е воедно и најдолгата маркирана патека во Македонија!
Маркирањето на оваа секција започна уште зимата оваа година, а под водство на Гоце Монев, нашиот координатор за југоисточниот регион
Во маркирањето учествуваа и
Кристина Зимбакова
Драги Куцуловски
Валентин Малинов
Честитаме за посветеноста и рекордниот рок во кој се заврши маркирањето a ние продолжуваме понатаму, до крајната цел, до дооформување и маркирање на сите 2070 километри!