Секцијата I5 на Македонската Бесконечна Трансверзала – 142км од Виница преку Лесново до Паланка , сега е објавена комплетирана со сите маркери, описи, додадена дигитална елевација и слики од одредени точки.
Ова е секција каде многу делови се нови патеки, трасирани наменски со цел да се опфатат што поголем дел од убавините на Осоговските планини, а кои се богати со прекрасни шуми и мноштво бистри планински реки кои формираат десетици водопади, а сето тоа повремено збогатено со богато културолошко наследство – манастири, остатоци од стара македонска архитектура, стари воденици, валавници и друго.
Дополнително, средишниот дел од секцијата ве води далеку од цивилизацијата ,низ недопрена природа , каде веројатноста да сретнете други луѓе е екстремно мала, каде нема промени во пејсажот во последните 50 години, каде единствен звук што ќе го слушнете може да потекнува од ветерот или од жуборот на планинските реки.
Како и секогаш, добредојдени се сите забелешки и дополнувања на трасата