Трасирана сосема нова поубава патека во делот помеѓу Бел Камен и Липец на Плачковица, дел од секција I4. Со новата траса се заменува сегментот под наслов “Чупино-Липец“ и се комплетира делот што досега е означен како „Предлог под Чупино“.
Се работи за сосема нова патека која ве води наизменично низ карпест предел, отворен срт, речна долина и прекрасна длабока шума карактеристична за Плачковица.
Мапата со новите промени ќе биде ажурирана со објавувањето на целосната верзија за секција I4 наскоро.