Секцијата I7 – 183км од Страцин до Капиново е комплетирана и објавена нова верзија со сите маркери, описи, слики од одредени точки и слично.
Оваа е најразновидната секција на источното крило бидејќи опфаќа од се по нешто, па така поминува покрај повеќе историски и археолошки локалитети, многу пониски и повеќе високи врвови, повеќе помали и неколку поголеми реки, неколку убави клисури и многу разновидна шума и разновиден терен по должина на секцијата.
Добредојдени се сите забелешки и дополнувања на мапата.