Пробиен е и трасиран последниот сегмент на трасата Сува Река – Кочулски Водопад, дел од секција I3 на Македонската Бесконечна Трансверзала со кој истовремено се доби планинарска траса која директно или по кратки странични патеки поврзува дури 7 поголеми ( Гоцеви, Ангелски, Зелен, Казан, Завеса, Разигран и Ѓаволски ) и многу помали водопади на јужните падини на Беласица !
Остануваат само уште околу 6 км до комплетирање на Tрансверзалата на слапови и спили , т.е. секцијата I3 – 146км од Демир Капија до Смолари.