Патеката во новотрасираниот дел води наизменично по широки и тесни шумски патеки, од длабока шума до карпест предел, изобилува со пејсажи и има доволно извори на вода и места за кампување.

Се работи за дел од секцијата I3 кој на мапата на I3 сега е означен како „Предлог Конче до Плавуш“.

Новата траса во делови се разликува од досегашната предлог траса во овој реон, така да ќе следи нова надградба на мапата за секција I3 наскоро.