Делот во должина од 5км над село Нивичани кој се водеше како предлог за трасата во тој дел, сега е целосно трасиран и добиенa е една целосна патека Гратче-Раткова Скала со должина од 18.3км која е дел од секција I5.
Дополнително додадена е и пристапна/излезна патека од село Нивичани кон трансверзалата која поминува неколку километри над селото.
Поставени се нови ГПС запис и мапа за секција I5 која ги вклучува овие надградби.