Плачковица со своите природни убавини, а посебно со своите прекрасни длабоки шуми заслужува да биде посетена многу повеќе од домашните и странски планинари и се надеваме дека Македонската Бесконечна Трансверзала многукратно ќе допринесе за тоа.
Под водство на нашиот Гоце Монев , нови 52 километри од Македонската Бесконечна Трансверзала се маркирани и на терен, односно целиот дел од трасата која поминува низ Плачковица, една од нашите најубави планини. Продолжуваме понатаму !




