Уште една ново пробиена патека со која се дополнува секцијата I7 од Македонската Бесконечна Трансверзала ! Овојпат се работи за нова патека која води низ клисурата на реката Пчиња и покрај замокот Кастел на Пчиња се искачува во правец на бункерите на Црн Врв. Патеката ја пробивме како замена на досегашната патека со цел да се опфатат повеќе убавини на овој дел од клисурата на Пчиња.