Западно крило – 870км

Западно Крило:

Западното крило е сеуште во изработка. Секцијата Z2 е објавена, додека за останатите секции трасата е дефинирана и некои делови се комплетирани меѓутоа сеуште се може да се промени. Очекуваме сите секции од западното крило да бидат комплетирани во текот на 2027-ма година.

GPS записот од нацртот од западното крило во моментов е достапен само за учесниците во проектот.

СЕКЦИИ Западно крило:

Точните секции на западното крило сеуште не се точно утврдени, следниве се предлог секции со должини кои се очекуваат:

Z1 – Капиниво – Вратница– 150км

Z2 – Вратница– Ростушки мост – 202км

Z3 – Ростушки мост – Радожда 145км

Z4 – Радожда – Св. Наум – 105км

Z5 – Св. Наум – Ѓавато 135км

Z6 – Ѓавато – Капиниво 130км

Се вкупната должина на западното крило се очекува да изнесува помеѓу 850 и 900км.

Сите кои сакаат да допринесат да и западното крило се комплетира побрзо ги охрабруваме да ни се придружат во проектот.

Планинарски Водичи

Македонската Бесконечна Трансверзала е патека наменета за планинарење самостојно но и во групи предводени од лиценцирани планинарски или туристички водичи.

Асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала не врши водење на тури по трансверзалата, но може да ги поврзува заинтересираните странски туристи-планинари со лиценцирани планинарски водичи кои се спремни да водат поединци и групи по патеките на трансверзалата.

Следствено, ги повикуваме заинтересираните водичи да не контактираат на info@sammiana.com со нивното кратко резиме и контакт телефон како прв чекор кон идната соработка.