Источно крило – 1166км

Источно крило:

Источното крило на Македонската Бесконечна Трансверзала од Јуни 2024 е веќе целосно трасирано и за сите секции постои детална мапа и прецизни ГПС записи за симнување. Ова не значи дека на источното крило нема да има подобрувања во иднина меѓутоа основната фаза е веќе готова.

Моменталната траса скоро во целост исклучува асфалт, меѓутоа сепак остануваат делови каде патеката поминува по црни земјени патишта кои според критериумите по кои се водиме би сакале исто така да ги сведеме на минимум.

СЕКЦИИ Источно крило:

I1 – Капиново – Скочивир  – 166.1km

I2. Скочивир – Демир Капија – 202km

I3. Демир Капија – Лебедово Езеро – 134.3km

I4. Лебедово Езеро – Виница – 205.5km

I5. Виница – Паланка – 142km

I6 Паланка – Страцин – 134.7km

I7. Страцин- Капиниво 185.2km

ГПС записите кои се изработени се високо прецизни, што би го објасниле отприлика вака:

  • За над 95% од патеката ГПС записот е со прецизност  до 2м
  • За околу 4% од патеката ГПС записот е со прецизност до 5м
  • За помалку од 1% од патеката ( подлабоки кањони, длабоки високи шуми или грешки при самото снимање или изработка ) ГПС записот може да греши до не повеќе од 10м
  • Кај сите веќе утврдени ( зелени ) делови кои ќе бидат објавени заедно со маркери со описи и слики ќе бидат со елевација според дигитален елевациски модел NASA SRTM 3 , така да се добие попрецизен елевациски профил на патеката.

Планинарски Водичи

Македонската Бесконечна Трансверзала е патека наменета за планинарење самостојно но и во групи предводени од лиценцирани планинарски или туристички водичи.

Асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала не врши водење на тури по трансверзалата, но може да ги поврзува заинтересираните странски туристи-планинари со лиценцирани планинарски водичи кои се спремни да водат поединци и групи по патеките на трансверзалата.

Следствено, ги повикуваме заинтересираните водичи да не контактираат на info@sammiana.com со нивното кратко резиме и контакт телефон како прв чекор кон идната соработка.