Овој убав врв од кој се пружа непречен поглед кон цела југоисточна Македонија досега не беше на трасата на Македонската Бесконечна Трансверзала, но со новата патека ќе се најде директно на трасата и ќе се избегне и тоа малку асфалт што го имавме досега на секцијата I2.

Се работи за голем зафат кој изискува на повеќе места рачно да се пробива и трасира сосема нова патека која во иднина и ќе ги поврзува Смрдлива Вода и Двете уши, а која воедно води низ најживописниот дел околу овој врв. Честитки до нашиот Гоце Монев под чие водство се одвива овој голем зафат !