На светската Open Street Map сега е мапирано и достапно целото источно крило од Македонската Бесконечна Трансверзала ! 1166км континуирана планинарска патека сега се видливи и достапни на сите планинари од целиот свет, на стотици апликации кои ја користат оваа најпопуларна подлога во своите мапи. Дополнително на многу места се дигитално мапирани и странични патеки кои ја поврзуваат трансверзалата со населените места или други точки од интерес.