Јакупица, источен огранок, секција I7, општина Чашка. После двегодишни обиди и истражувања конечно ја имаме новата траса на потегот помеѓу Бистрица и Бегови Вирови. Новата траса е значително подобра и поодржлива од старата и поминува низ многу атрактивен и див предел на Јакупица, исклучително живописен дел богат со повеќе реки, водопади и неповторливи пејсажи. Воедно, новата патека е веќе делумно маркирана , а наскоро ќе се најде и на официјалната мапа на секцијата I7, а со тоа и достапна за сите кои сакаат да ја искусат.