Благодарение на членови на ПСК Двете Уши ,трасиран е делот од месноста Сува Река до водопадите во близина на село Прстен, дел од секција I3 на Македонската Бесконечна Трансверзала кој досега не беше трасиран во Валандовскиот крај. Во реонот на Прстен се наоѓаат повеќе водопади кои се директно или во непосредна близина на трасата, така да сега е јасно дека и овој дел од трансверзалата нема да ве остави без убави спомени !