Трасирани уште неколку проблематични километри од секција I4 на делот помеѓу Ѓурѓевски водопад и локалитетот Грамади. Се работи за дел кој поминува низ убава длабока шума, меѓутоа патеката на овој дел често е во лоша состојба и ќе биде потребно дополнителен ангажман на овој дел за да биде на задоволително ниво. Објавена е нова мапа и нов GPS запис за секција I4 која го вклучува овој дел.
Воедно се направени помали исправки на трасата на секција I6 во делот помеѓу Страцин и Карпински манастир. Бидејќи се работи за мали промени, овие промени ќе бидат објавени заедно со објавувањето на целосната мапа за оваа секција наскоро.