Во соработка со СПД Пробиштип пробиена и трасирана е нова убава патека и со тоа елиминиран делот во клисурата на Злетовска река кој одеше по асфалтен пат. Наместо асфалт сега ќе може да се ужива во уште неколку километри по карпестите падини и прекрасната долина на бистрата Злетовска река. Патеката е дел од секција I5 чија финална верзија ќе биде објавена наскоро.