Маркирањето и расчистувањето на патеките на Македонската Бесконечна Трансверзала продолжува со брзо темпо !

Горди сме што може да се пофалиме дека во изминативе два месеца се маркирани нови 120 километри од трансверзалата. Најголем дел од новомаркираните делови се на секциите I1 и I7, а воедно се вршат и проверки, корекции и расчистување на трасата и на секциите I2 и I3.

Пролетта е и идеален период за планинарење и прошетки по овие секции, така да искористете го периодот и уживајте во нови предели по нови планинарски патеки !