Трасиран делот што недостасуваше од секција I4 по јужните падини на Плачковица, поточно пределот помеѓу врвовите Асанлија ( 1555мнв), Кара Тепе ( 1624мнв ) и Јаскам ( 1427мнв).
Налик на некои попознати делови од северните падини и овој дел на Плачковица изобилува со високи букови шуми испресечени со многубројни бујни притоки на Смиланска и Боречка река кои се слеваат по стрмните падини преку многубројни слапови и помали водопади и креираат магичен шумски амбиент.
Мапата и GPS записите од овој дел ќе бидат ажурирани со првата надградба.