Променет е дел од трасата на секција I3 , поточно од Демир Капија кон тврдина Просек, каде е трасирана нова, поубава, поживописна патека.
Новата патека е потехничка бидејќи се движи низ карпест предел но не е опасна за движење. Воедно поминува покрај 3 пештери и пружа величенствени глетки кон најубавите делови од демиркаписката клисура.
Сепак, мапата и ГПС записите засега остануваат исти, а ќе бидат ажурирани откако ќе се изврши уште една подетална проверка и расчистување на неколку обраснати делови од новата траса.