За потребите на западното крило од Македонската Бесконечна Трансверзала заедно со планинарскиот клуб „Аргентус Моунт“ трасирана е нова, живописна шумска патека во делот помеѓу Старо Село и Планинарскиот дом Љуботен. Со оваа патека се избегнува одењето по земјениот офф-роад пат и трансверзалата станува многу поинтересна и поживописна во овој дел на идната секција Z2.