Секцијата I6 на Македонската Бесконечна Трансверзала – 134.6км од Осоговскиот Манастир кај Крива Паланка до село Страцин , сега е објавена комплетирана со сите маркери, описи, додадена дигитална елевација и слики од одредени точки.
Ова е секција која води низ североисточните делови на Македонија, околу Славишката котлина, по планините Дукат, Чупино,Билино, Герман и Козјак. Се одликува по тоа што води по повеќе различни екосистеми со голем биодиверзитет дополнително збогатена и со историски локалитети. Поголем дел од трасата е нова патека со делови пробиени и трасирани наменски за Македонската Бесконечна Трансверзала.