Историски момент за Македонската Бесконечна Трансверзала! На Open Street Map се појави првата секција од трансверзалата, поточно секцијата I3 – 134.3km од Демир Капија до Смолари !
Тоа значи дека од моментов стотици апликации ширум светот автоматски ја имаат на својата мапа оваа секција како пешачко-планинарска патека, со свое име и препознатлива ознака.
Секцијата I3 е прва долга планинарска патека на територијата на Македонија која може да се најде на Open Street Map и воопшто една од многу ретките планинарски патеки во Македонија кои може да се видат на мапата.
Продолжуваме да работиме напорно за наскоро и останатите секции кои се завршени да се најдат на светските мапи за планинарски патеки, за Македонија полека да почне да се гледа како дестинација за озбилен планински туризам!
Пример како тоа изгледа
https://www.freemap.sk/#map=17/41.348935/22.721636&layers=X