Четири секции од Македонската Бесконечна трансверзала се веќе комплетно вметнати на Open Street Map а со тоа и на сите популарни мапи и апликации кои се базирани на овие мапи. Се работи за повеќе од 700км патеки заедно со дополнителни важни точки од интерес, како извори на вода, засолништа, кампинг простори и слично.

Продолжуваме и со останатите секции од источното, а потоа и од западното крило на трансверзалата. Дoполнително почнаа да се објавуваат одредени секции и на некои популарни платформи за планинарење , како Oudoor Active, Gaia, Komoot и други.