На ден 24.05.2024 се формираше новата Асоцијација Македонска Бесконечна Трансверзала – Самиана чија задача ќе биде понатамошен развој и одржување на трансверзалата и се што е поврзано со неа.

Со потпис на 10 основачи беше утврден статут, програма и план за работа и останати акти. Воедно беше утврден и план со следни активности за 2024 година.

Асоцијацијата е отворена за зачленување на нови членови кои сакаат да учествуваат во понатамошниот развој и одржување на овој мега проект.