Трасирана, исчистена и целосно маркирана нова патека која го заменува најголемиот дел од земјениот пат на потегот помеѓу Копришки водопад и планинарскиот дом Висока Чука !
Наместо по земјен офф-роад пат кој го користат џипови и камиони сега во овој дел Македонската Бесконечна Трансверзала ве води по многу поживописна патека која ќе го надополни чувството дека се движите низ во пазувите на Кожуф. Наскоро надградба и на официјалната мапа од секција I2 со оваа значителна промена.