Во рамки на чистењето и подобрување на трасата на секција I7 кое се изведуваше заедно со Еко Пчиња , се поставија првите пробни маркациски столпчиња. Овие столпчиња се дизајнирани да се вклопуваат и да не ја нарушуваат околината а истовремено да бидат трајни и издржливи на надворешни услови. Наменети се пред се за терен со ниска вегетација каде има нејасна патека, како и за раскрсници каде вртењето треба да биде подобро обележано. Истите се видливи од голема далечина и дополнително обележани со стандардни маркации кои во иднина ќе се заменат со вертикални баш за оваа намена.
Се надеваме и дека нема да бидат мета за уништување или крадење.
