Корегиранана е дел од трасата на Секција I6 ( Паланка -Страцин )
Неколку километри од џипскиот офф-роад пат по билото на Козјак планина се заменети со поубава планинарска патека. Додадени и 2 кратки странични патеки.
Обновена е и мапата за секцијата I6 и додаден нов GPS запис за симнување , а наскоро очекувајте и комплетна мапа и записи со сите маркери/описи за оваа секција
Сепак, сеуште има простор за подобрување на овој дел од трасата, т.е. сеуште има делови од моменталната траса која може да се подобри со поубави планинарски патеки, па така доколку сте авантуриста, знаете да следите-креирате GPS траси и имате желба да помогнете, повелете контактирајте не за да се организираме.