Делот од секција I7 помеѓу Кастел на Пчиња и Црн Врв е расчистен и доведен во солидна состојба.
На овој дел од секцијата, посебно во делот од Кастел нагоре во првите два километри патеката беше на повеќе места обрасната и тешко проодна.
Претходно оваа година е расчистен и делот од Кастел према висечкиот мост на Пчиња, така да сега може да се прави убава живописна дневна тура во овој реон, како на пример од паркингот над пештерската црква Мала Богородица па се до бункерите на Црн Врв или понатаму во правец на Ѓуриште. Имајте во обзир дека патеката не е маркирана, досега многу ретко или воопшто не одена и дека наместа ќе ви треба помош од GPS и стазите од секција I7 на Sammiana. Ќе ни биде драго ако ни пишете за вашето искуство или забелешки доколку го посетите овој реон.