Уште едно успешно трасирање на убава живописна патека со која се замени скоро целиот сегмент кој досега водеше по асфалтен пат , поточно делот од секција I7 на мапата именуван како „Привремен К’Шање до магистрала“. Дополнително проверена и расчистена трасата до врвот Мирчевец. Сето ова заедно со ЗПЗП Козјак Куманово кои се домаќини на овој дел од трансверзалата.