Црвени Брегови се сигурно еден од најуникатните делови на секцијата I4 на Македонската Бесконечна Трансверзала. Меловите на Црвени Брегови се нешто што нема да ве остави рамнодушни и нема да дозволи да не застанете и да одвоите време за уживање во пејсажите кои нема да ги сретнете во ваква форма на друго место во Македонија и пошироко.
Подобрена е трасата покрај црвените брегови и дополнително е трасиран делот што недостасуваше од секцијата I4 помеѓу Црвени Брегови и подножјето на Кадиица. Се ближиме до финализирање и на оваа секција !