Изминатиов викенд неколку членови на асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала извршија чистење, маркирање и подобрување на трасата од секција I1 – на потегот река Сатока – с.Зовиќ- Чебренски манастир – Рапешки мост – Брнички водопад – с.Брник – с.Ивени.
Успеавме да маркираме и расчистиме повеќе од половина од овој сегмент. Дополнително, пробиена, расчистена и делумно маркирана е и нова подобра траса помеѓу Брник и Брнички водопад, а наскоро продолжуваме и со останатите делови.
Мариово заслужува да биде поврзано со чисти и маркирани патеки !



