Balkan Skyline Trail ( Балканска небесна трансверзала ) е името на втората секција ( Z2 ) од западното крило на Македонската Бесконечна Трансверзала, a која сега е објавена комплетна со сите податоци, точки на интерес и комплетен GPS запис !
Со својата просечна надморска висина од 2030 метри на должина од над 200 километри, оваа секција е највисоката долга трансверзала на Балканот и меѓу највисоките во Европа, пресликано во името Balkan Skyline Trail !
Трасата во својот источен дел го следи гребенот на Шар Планина , додека во својот западен дел ги опфаќа најубавите делови на масивот Кораб , за во својот југозападен дел преку планината Дешат да конечно се спушти во реканскиот крај во долината на Радика. Трасата нуди автентичен планински простор – ненаселен, непренатрупан и пред се неверојатно убав, каков Европа сè помалку може да понуди.






