Ве известуваме дека отсега сите корисници на Wikiloc комплетираните секции од источното крило на Македонската Бесконечна Трансверзала ќе може да ги пронајдат на Wikiloc профилот на Sammiana:
https://www.wikiloc.com/wikiloc/user.do?id=2491318
За жал бројот на маркери на Wikiloc е многу ограничен па поставени се само стазите без маркери и точки од интерес, така да сепак препорачуваме користење на апликации кои го немаат ова ограничување.
Во иднина со промените на трасата од некоја секција ќе се ажурира и соодветната секција на профилот на Wikiloc.
