Во соработка со Green Power, доофoрмена трасата на првите/последните неколку километри од западното крило кон центарот на Македонската бесконечна трансверзала, т.е. секции Z1 и Z7
Идните трансверзалци во овој дел ги очекува прекрасна природа – се минува низ убава шумска патека која се движи покрај реката Бабуна која се прегазува по еднаш и на Z1 и Z7 , на моменти се отвараат широки погледи кон Нежилови карпи, а тука е и прекрасниот водопад Момина солза, на само 30м од трасата .