Во соработка со граѓанското здружение ЕГРИ и со поддршка на општина Крива Паланка ,комплетно е прочистен и маркиран овој дел од Македонската бесконечна трансверзала, во должина од 9,6 километри, со што се доби една нова патека која ве води од духовниот мир на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, преку шумите на Осоговието сe до магијата на Станечките водопади и водопадот Хармонија.
Дополнително, за првпат во Македонија, за приказ на мапата со информации е употребен и NFC таг вграден во почетната инфо-табла. Доволно е да го доближите телефонот и целата патека, заедно со дигиталната мапа, ќе ви биде достапна на дланка!



