Во рамките на секција I5 од Македонската Бесконечна Трансверзала во изминатиов месец се заврши трасирањето, пробивање, чистење и маркирање на нова планинарска патека што го поврзува Кнежевско езеро и Царев врв.
Се работи за живописна и дива планинарска патека во срцето на Осоговските планини која попатно води низ теченијата на Злетовска и Модра река а потоа преку Маркова Ступка се искачува кон Царев врв.



