Променета трасата од секција Z4 така што е трасиран еден нов сегмент што го опфаќа најубавиот и најдивиот дел од брегот на охридското езеро. Кристално чистата вода и клифовите кои се издигаат над неа во овој дел од крајбрежјето оставаат без здив и се вистинско надополнување на сето она што го нуди НП Галичица во повисоките предели од планината. Уште сега сме сигурни дека овој нов сегмент ќе биде еден од најубавите и најомилени делови на секцијата Z4 од Македонската Бесконечна Трансверзала.