Потегот Клепало – Ченгино Кале од секција I4 сега е целосно трасиран, т.е. делот што сега е означен како „Предлог Клепало-Ченгино Кале“ е заменет со комплетна траса во овој предел. Врвот Ченгино Кале и малото езерце во негова близина, односно месноста Ровови се најисточната точка на Република Македонија а се достапни по кратка странична патека од Македонската Бесконечна Трансверзала.