Ви ја претставуваме новата, уште поубава верзија на секцијата I5 – Осоговска Трансверзала. Сега уште поживописна, подива и поинтересна патека која ќе ве запознае и со најскриените убавини на осоговието, вклучувајќи делови каде само дивите животни знаат дека постојат.

Повеќе од една година под водство на нашиот Мартин Китановски напорно работевме на подобрување, усовршување и расчистување на трасата на оваа секција и успеавме да трасираме нови 40-тина километри планинарски патеки со кои се замени досадниот дел кој водеше по асфалтен и земјен колски пат. Воедно се опфати делот во горниот тек на Злетовска река и Кнежевско езеро, а добивме и уште неколку километри подолга патека па така должината на оваа секција сега е 146.3 километри.

Ние ја трасиравме, исчистивме и веќе делумно и маркиравме, на вас е да го искористите потенцијалот и да уживате во неа !