Објавена е новата ажурирана верзија на секцијата I7 – историска трансверзала – 189 км од Страцин до Капиново. Секција која се карактеризира со повисоки врвови и недопрена природа на запад и мноштво историски локалитети, манастири и други знаменитости на исток. Многу подобрувања на кои работевме напорно во изминатата година ја направија оваа секција уште поживописна и попривлечна за пешачење. Воедно, за првпат ја објавивме и англиската верзија од оваа секција заедно со комплетни ГПС записи во KML и GPX format



