Еден од најдивите предели на Македонија, а секако убедливo најоддалечен од цивилизација, сега е со подобрена, чиста и маркирана траса. Овој реон, кој во бурното минато од првата светска војна гледал само војници, добива можност во иднина да биде посетуван од планинари – трансверзалци од целиот свет.