Трасиран е целиот потег од Тануше до Ростуше

Трасиран е целиот потег од Тануше до Ростуше

Трасиран е целиот потег од Тануше до Ростуше преку падините на Дешат, дел од секцијата Z3 на западното крило на Македонската Бесконечна Трансверзала. Без одвишок зборови, сликите доволно говорат за убавините на овој дел од трансверзалата !

Поубава траса во делот помеѓу Бел Камен и Липец на Плачковица

Трасирана сосема нова поубава патека во делот помеѓу Бел Камен и Липец на Плачковица, дел од секција I4. Со новата траса се заменува сегментот под наслов “Чупино-Липец“ и се комплетира делот што досега е означен како „Предлог под Чупино“.Се работи…

Ретрасирана и комплетирана трасата низ Билино

Ретрасирана и комплетирана трасата која води низ планината Билино, дел од секцијата I6 на Македонската Бесконечна Трансверзала . По искачување на билото нема остри врвови и трасата долги километри е без поголеми денивелации и со широки погледи кон целата Славишка…

Нови километри по Градешка планина

Нови километри по Градешка планина

Трасирани нови 8км од „непознатата“ Градешка планина која е дел од секцијата I3 од Македонската Бесконечна Трансверзала.Овие 8км трансверзалата води во поголем дел по широк шумски пат што често го следи билото на планината и со тоа пружа богати пејсажи…

Ростушки мост – Галичник преку Кофилковички карпи

Трасиран е нов дел од идната трета секција од западното крило на Sammiana. Патеката почнува од Ростушки мост на реката Радика и води преку карпестите падини на Краишта и Кофилковица се до старата Коскарница во Галичник.

Трасиран нов дел од Секција Z3

Трасиран е делот од Ростушки мост до Галичник, дел од секција Z3 од Македонската Бесконечна Трансверзала.Патеката почнува од Ростушки мост на реката Радика и води преку карпестите падини на Краишта и Кофилковица се до старата Коскарница во Галичник.

Трасирани уште два дела кои недостасуваа на секција I6

Делот во пределот на врвовите Китка и Вирови на планината Којак, како и делот во Градачката Клисура кои сега на мапата на секција I6 се означени како „Привремена Вирови-Китка“ и „Предлог под Непце“ сега се финално трасирани. Се ближиме до…

Комплетна секција – I5 – Осоговска Трансверзала !

Секцијата I5 на Македонската Бесконечна Трансверзала – 142км од Виница преку Лесново до Паланка , сега е објавена комплетирана со сите маркери, описи, додадена дигитална елевација и слики од одредени точки.Ова е секција каде многу делови се нови патеки, трасирани…

Нова, ШУМСКА патека до ПД Љуботен !

За потребите на западното крило од Македонската Бесконечна Трансверзала заедно со планинарскиот клуб „Аргентус Моунт“ трасирана е нова, живописна шумска патека во делот помеѓу Старо Село и Планинарскиот дом Љуботен. Со оваа патека се избегнува одењето по земјениот офф-роад пат…