Започна пробивањето на нова, неверојатно живописна патека низ најдивиот дел на Беласица! Ќе биде дел од унапредувањето на трасата на секцијата I3 од Македонската Бесконечна Трансверзала.
Неколку километри низ недопрената природа на нашата Беласица, со впечатливи карпести формации и прекрасни панорами кон струмичкото поле. Уште едно прекрасно планинско доживување што наскоро ќе стане дел од Македонската Бесконечна Трансверзала!
Комплетирањето на патеката и нејзиното вклучување во трасата ги очекуваме веќе следната пролет.



