Комплетирана трасата по Селечка планина на потегот помеѓу Плетвар и Расимбегов мост, дел од секцијата I1 на Македонската Бесконечна Трансверзала. Четирите помали сегменти на трасата кои на мапата на I1 се со статус „привремена“ или „предлог“ сега се комплетирани и овој дел од трасата е целосен, односно имаме непрекината планинарска патека, без воопшто асфалт и земјени црни патишта од Плетвар до Ивени. Ажурирањето на овој сегмент на сегашната мапа ќе биде објавено наскоро, заедно со уште некои промени на оваа секција.